ali-ahmeti-2
ДОМА НОВОСТИ

Бате Али-ЛОГИЧНО Е ДА ПРЕГОВАРАМЕ СО ПОБЕДНИЧКАТА ПАРТИЈА

Во интервјуто на ТВ21 со лидерот на ДУИ кое беше снимено вчера, а се емитува вечерва Али Ахмети ги реафирмираше позиите дека ДУИ по принцип ќе ги отвори преговорите со победничката партија на последните парламентарни избори.

Според Ахмети, засега сите опции се отворени, па дури и одење во опозиција или нови избори, но се задржа на тоа дека според принципот кој досега бил актуелен, преговори за владина коалиција ќе започне со победничката партија на изборите.

Ахмети додава и дека преговори со победничка партија се логичен след, имајќи во предвид дека коалиција со СДСМ не би произведувала сигурност во државата, иако освоила 49 пратеници. Ахмети запраша кој би ја гарантирал безбедноста во државата кога партија која не е победник на изборите би формирала влада.

Извор:Маркукуле.мк