bdenje
ДОМА ИНТЕРЕСНО

Даница Петровска-Дани-Бдеење

Ќе бдеете ли со мене за

парусија на ѕвездата

Христова,

небото над нашите глави ќе е

Апсида во храмот небесен,

нашите души и срца живи

зоографи за раѓање на

љубовта

радувајте се,во утроба на

Пресветла Марија

е овоплотување.

Блеска ѕвезда над

Витлеем,мудреци во ноќта

ѕвезда од исток следат,

со тропар во пештера одат

каде дрво на живот во

пештера процвета,

се поклонија на пастир и

дарови од злато ,тамјан и

смирна принесоа

пленува глас од сотир што и

ѕвездите се радуваа ,над него

со сјај танцуваа.

Ликувајте се ,веселете

се,краси се вселено со името

вечно,

Емануил е со нас во нашето

тело,парусија на вечност и

среќа

блажени да сте во срцата

ваши,пејте трисвета песна на

ангели

чевствувајте го денот свет и

светол,радувајте се оти тој се

роди.

Внеси се во срцето и душата

наша,дај ни мир и спокојство

љубовта твоја искоснска вечна

е во срцата и душите наши

дај крепост,твојата ѕвезда да

озари храм на лажни богови

нека изгори Пантеон од твојот

свет здив и дух на Ангели

свети.

 

15941677_10210318962041862_1848839411_n