Untitled
ДОМА НОВОСТИ

ЕКСКЛУЗИВНО!! Падна договор! ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во коалиција!

ДојдиВиди прв дознава! Наши извори директно од Мала Речица брефираат дека веќе е постигнат договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и помеѓу Никола Груевски и Али Ахмети.

Како што велат, никој во ВМРО-ДПМНЕ ниту пак во ДУИ не се противи на ваквата одлука. Исто така во договорот стои дека претседател на новата влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ во коалиција со ДУИ ќе биде Никола Груевски.

Нашиот извор од каде добиваме информации вели дека договорот јавно ќе биде објавен последниот ден од истекот на рокот кој го има мандатарот за формирање на нова влада!

Исто така наш анонимен извор близок до владеачката ВМРО-ДПМНЕ вели дека сега преговорите се повеќе формални во смисла кој на кое место да биде и која позиција на која партија да и припадни.