ДОМА НОВОСТИ

ЕКСКЛУЗИВНО! Пронајдено оружје кај братот на Ермира Мехмети!

Постариот брат на поранешната пратеничка од ДУИ, Ермира Мехмети, е осомничен дека поседувал оружје, кое како што соопшти полицијата е најдено во подрумските простории во зграда во населбата Чаир.

Во денешниот билтен МВР информираше дека оружјето било најдено завчера складирано во две кофи. А, полицијата за случајот била информирана по пријава, но засега не се откриваат други детали.

„При увидот на местото на настанот, во подрумските простории, пронајдени биле 19 гранати калибар 40 мм во реденик, 12 гранати 40 мм залепени со селотејп во картонска кутија, две рачни бомби кинеско производство, еден упаљач за рачна бомба, 25 куршуми маневарска муниција калибар 7,62 мм и 10 куршуми калибар 7.62мм боева муниција. Се работи на целосно расчистување на случајот“, пишува во денешниот полициски билтен.

Семејството Мехмети не сака да дава било какви коментари за случајот. Постариот брат на Ермира Мехмети е лице со хендикеп и со оштетен вид.

Извор:Новатв.мк