proslava-pravoslavnog-bozica-u-bih-mir-izmedju-covjeka-i-boga-koji-daje-nadu-u-spasenje_0
ДОМА ИНТЕРЕСНО

ХРИСТОС СЕ РОДИ – НАВИСТИНА СЕ РОДИ !-Ивона Дамеска ~ Ида, ( “Душата на дланка” )

РОЖДЕСТВОТО НА ХРИСТА

Јануарската ноќ, која како

зимска кралица гордо се

спушти од зад планините,

чиниш како госпоѓа од

високата класа, веднаш се

пофали дека со себе ја

понела плетената снежна

покривка, која како подарок

за градот, со своите неуморни

раце, самата ја сплела.

Студена зимска ноќ, навев од

снег и една ѕвезда што

трепери во недоглед, на која

и припадна честа, прва да ни

ја соопшти веста, за раѓањето

на СВЕТАТА РОЖБА

ДАДЕНА ОД БОГА.

Во овој светол мрак, мирно со

високо подигнати и како за

прегратка широко раширени

раце, сакам да викнам,

нечујно на глас,

”Еј, ѕвездо мила, ме слушаш

ли ти мене сега, јас сум

девојка млада која во овој миг

помош од тебе бара, затоа те

молам како сестра, претвори

ме во птица бела, која со

своите раскошни крилја,

за час ќе одлета, во твоите

возвишени небеса, сакајќи да

се помоли во

ЦАРСТВОТО НА ХРИСТА.

Мала како снегулка, пред

него стојам со раце

преклопени како за молитва и

понизно надолу, кон земјата

гледам, бидејќи не би сакала

да го навредам.

Ветувам, нема од него ништо

да барам, сакам само да му

заблагодарам, бидејќи

секогаш како верен пријател

низ животот ме следи, притоа

покажувајќи ми ги смелите

патеки.

Додека со наведена глава, се

молам за неговата света

правда и вечна слава,

чувството на пријатна

топлина како струја, ми се

проби под замрзнатите делови од кожата.

Тогаш кога топлината, ми

продре во вените, со своето

благотворно дејство, чинам

како да ме просветли цела,

бидејќи за прв пат успеа да го

скрши камениот оклоп,

приклештен околу градите.

Сега кога срцето ми свети

како проѕирен светилник во

длабок мрак, без ни малку

страв од зло, ќе тргнам од

оваа патека, бидејќи знам

дека човекот е создаден за

неволја, иако не знам каде

овој пат ќе ме одведе,

признавам и тоа дека не сум

сигурна во себе, но што да

правам кога ја сакам

авантурата како мало дете.

Слободно фрли ме во рингот

да се борам со ризикот,

бидејќи јас преферирам таков

предизвик.

И за крај, бескрајно те молам,

на овој меч ти, Драг мој, биди

ми тренер и судија и никогаш

немој да ми вртиш глава, а јас

секогаш ќе ја чувам

зацртаната цел, како главен

адут во мојата потсвест.

15935582_10210306919660810_615380644_n