9700705229_897564f9b5_b
АВТОМОТО ДОМА

„ТРИСТАЧ“: Југословенскиот „Кадилак“

Zastava 1300/1500 граѓаните на цела Југославија ја паметат по убавината, грандиозноста и доверливоста, а буди и прекрасни спомени.

Популарниот „Тристач“ беше своевремено најдобар автомобил во својата класа. Одлично фамилијарно возило, но омилено и кај таксистите, полицајците и генералите.

3-5

Денес, после 37 години од престанокот на неговото производство, меѓу 200.000 произведени единици во Заводите Црвена Застава во Крагуевац може да се најде по некој очуван примерок.

Производството на „Тристач“ започна во далечната 1961 година и траеше се до 1979 година.

Иако се продаваше одлично, па дури и се извезуваше во многу земји, производството беше стопирано за да се ослободи простор за новото национално возило – Zastavа 102, попознато како Jugo.

Во сериите изработени по 1973 година рачката на менувачот е префрлена од воланот на подницата, а во 1976 година е претставена и верзијата Еlegant препознатлива по интегрираните потпирачи за глава на предните седишта.

Обидот на вградување на Perkins 1.7-литарски дизел мотор во 1978 година за жал не заживеа, бидејќи релативно чувствителниот преден трап не одолеваше на дополнителното оптоварување.

Денес овој легендарен автомобил е вистинска атракција кога ќе се појави на асфалтот.

НАПОМЕНА:СТАТИЈАТА И ФОТОГРАФИИТЕ ВО ЦЕЛОСТ СЕ ПРЕВЗЕМЕНИ ОД ПОРТАЛОТ ВИСОКИОКТАНИ.МК