hotel-bania-zima-12-2014-29
ДОМА ИНТЕРЕСНО

Како да се заштитите од студеното време?

Поларниот бран и ниските температури кои што го зафатија Балканот и Европа продолжуваат и деновиве.

Празниците завршија, неработните денови исто така па затоа добро е да знаеме како да се заштитиме од ладното.

1.Облечете се слоевито

Поткошула, памучна маичка, задолжително џемпер и јакна. Под пантолоните задолжително облечете хеланки или хулахопки за жени, а мажите задолжително да облечат еден слој облека под пантолоните. И секако дебели чорапи. Задолжително чизми кои што не се лизгаат на мраз. Слоевитата облека е добра за поларни температури затоа што слоевите ја чуваат топлината токму помеѓу слоевите и со тоа ќе ви биде потопло.

2.Заштитете ги сите екстремитети

Задолжително носете капа, шал ракавици. Можете шалот да го ставите преку носот и да дишете преку него, бидејќи вдишувањето на ладен воздух дополнително ќе го заледи вашето тело.

3.Обидетете се да дишете што е можно по релаксирано кога сте надвор на ниски температури

Со по релаксираното дишење на вашето тело ќе му биде потопло. Кога ќе се стиснете и укочите, вашето тело троши повеќе енергија за да остане во таа положба. Обидете се длабоко да вдишете и издишете 7 пати, при тоа при секое вдишување и издишување броите до 7.