15873606_10209798141743654_33272174759152565_n
ДОМА НОВОСТИ

Едукативно катче за деца во Археолошки музеј на Македонија

ПРОЕКТ: Млади археолози археолошка едукативна работилница за деца од предучилишна и училишна возраст

           15873156_10209798172424421_3800113626452522381_n

Следејќи ги светските трендови  во музејскотото работење, поконкретно, во едукативниот дел од истото, во склоп на НУ Археолошки музеј на Македонија – Скопје денес се отвори  археолошка едукативна работилница за деца од предучилишна и училишна возраст, со цел децата уште од најмала возраст да се запознаат со археологијата и културното наследство на Република Македонија.

Оваа работилница претставува можност за најмладата популација да се здобие со знаења за богатото културно наследство преку низа активности. Во овие активности, освен предавања прилагодени на соодветната возраст, предвидени се и разни интерактивни содржини со кои децата ќе имаат можност своите впечатоци и здобиени знаења за археологијата, како и богатите археолошки артефакти од Република Македонија, креативно да ги изразуваат преку моделирање во глина, цртање или пишување есеи. На тој начин,  преку игра одблизу би можеле да се запознаат со археологијата како една комплексна наука, нејзината суштина и задачи, како и можноста да го проследат патот на археолошките артефакти од длабочините на земјата до музејските витрини.

За потребите на овој проект беше осмислен и преграден дел од изложбениот простор на НУ Археолошки музеј на Македонија, наменет за повремени изложби, со површина од 50м2. Истиот беше соодветно опремен со основните работи за негово непречено функционирање како: масички, столчиња, обложување на подот со линолеум. За задоволување на потребите на оваа работилница во однос на интерактивниот дел беа изработени: археолошка ситуација – симулација на археолошки локалитет во која децата ќе можат да ископуваат, изработка на археолошки профил каде децата ќе ги изучуваат периодите по хронолошки ред и воедно ќе имаат можност да се запознаат со најрепрезентативните артефакти од сите периоди чии комерцијални копии се вметнати во самиот профил, изработка на училишни табли како и набавување на голем број реквизити потребни за работата на оваа работилница.

На настанот присуствуваше и Министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска.

15895056_10209798147223791_5848481462072871412_n

15977155_10209798165664252_4608178752233380987_n

15977961_10209798150383870_8734875893236054010_n