ДОМА НОВОСТИ

Зоран Заев си поднесе неодповиклива оставка од партиската функција

-Почитувани браќа и сестри Македонци, Македончишта. Јас досегашен лидер на СДСМ, Зоран Заев со едно и единствено државјанство Македонско и еден и единствен пасош Македонски, си поднесувам неодповиклива оставка од функцијата претседател на СДСМ.

zoran-zaev-1-by-sdsm-4x3

Оваа моја одлука и овој мој чекор се должи на тоа што под мое раковотство партијата губи на десет изборни циклуси по ред. Јас драги мои секогаш сум убеден дека ќе победам а на крај јас и мојата матична партија доживуваме дебакл.

На Македонците само сакам да им се извинам за штета која и ја нанесов на Македонија и за лагите со кои ги “купив” некои од гласачите. На Албанците ништо неможам да им исполнам од ветеното бидеќи тоа беше само обичен политички предизборен трик.

На лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски му ја честитам победата и верувам дека тој и неговата партија ќе владеат барем уште десет години во иднина. Се покажа и докажа дека ниту со странските служби кои стое зад мене, ниту со специјалните, ниту со купени гласови неможевме да ја поразиме владеачката партија.

Одам во моето родно Муртино, таму ќе живеам, ќе се посветам на земјоделството и сточарството, ќе уживам во својот живот од сега па натаму.

Среќна нова година.

Ова го изјави Заев ама ако се лажиме, за априли ЛИЛИ или на СВ.Никогаш.

Кога лидерот на опозициската СДСМ вака би играл би бил голем политичар и државник.

НАПОМЕНА:Оваа статија содржи смеа и сатира и е наменета за забава на луѓето, се горе наведено е измислица и нема допирна точка со реалноста. Оваа статија на “ДојдиВиди” не е објавена за да навреди некого а особено не лидерот на СДСМ Зоран Заев. Секоја сличност е случајна и зачудувачка.