16237220_1304154289642197_1459699397_n
ДОМА ИНТЕРЕСНО

МАКЕДОНСКАТА ЖЕНА – СИМБОЛ ЗА БОРБА И НЕПОКОР!

ЖЕНАТА – ПИРЕЈ НА МАКЕДОНСКИОТ БИТ

 

Ти си жена која секогаш успевала

да го зачува пламенот на семејното огниште.

Ти си дефиниција за борба и непокор во животот.

Ти си жената која ги пее најубавите приспивни песни,

која ги везе прекрасните везови на македонските носии.

Ти си Везилката на Блаже Конески,

мајката на Кузман Капидан,

Неда – бесната и храбра лавица,

симболот на македонската жена.

Уште ти си ..

Цвета од крвавата македонската свадба,

мојата личност од историјата,

нашиот бит на постоењето.

Жено македонска,

китко најшарена, најубава …

Има ли збор да те опише,

има ли песна да те опее?

Тогаш,

во страдалното време,

си се борела храбро, со последни сили,

за својата чесност, нација и вера,

за вредностите свои мили.

Како

бунтовник,

ранет лав,

разбеснет,

бранејќи го своето.

со голи раце и огромен бес,

влезе во бој непријател да уништиш.

Од очите солзи ти навираа,

солзи кои пустина во море претворија.

Но ти жено – македонска,

мајко-најхрабра,

светлина здогледа и верба ти се врати,

успеа да ја зачуваш честа и верата

и тоа ти се исплати.

За денес

да бидеш жена која

во годините на детството

во раце ме прегрнуваше,

со љубов ме хранеше.

Мојата душа – дел од твојата,

која расте и поминува години надвор од твоето тело.

Мојата солза кога полека тече,

капки крв ти течат во срцето и оставаат рана.

Знам,

зборовите не ги покажуваат чувствата,

ниту твојата голема важност,

зборот лесно се кажува но има скапоцена вредност

и се вика МАМА!

И баба, стрина, тетка, учителка…

Но пред се’, ЖЕНА – истрајна, неуништлива и издржлива.