15978904_1289037561119118_1658841729_n
ДОМА ИНТЕРЕСНО

Соња Змејкоска-МОЛАМ

Дајте ми парче земја

под небото на Македонија.

Дајте ми го, ве молам,

најмалото,

дајте ми го баш

најкарпестото,

она скрос најјаловото,

кај што е небото најтемно,

кај што е ден и ноќ облачно.

Дај те ми го, да с’изнаживеам

богат живот благороден.

Чунки имам си очи ко

кладенци

а солзи што ронат и брегови.

Имам и воздишки длабоки,

силни ко тајфунски ветрови

(ќе разбркам темните облаци)

Ќе с’изронат карпите

грамадни,

(от’ко ќе с’испилат соколи)*

ќе посеам љубовни никулци,

ќе натокмам сончеви класови

жнеени со песни македонски.

Имам мисли разблескани,

имам си молитви челични

та на најсветлите ѕвезди ни

небесни

ќе испишам слова

македонски

(за народот да ни се просветли)

Оти е земјата исконска,

понизно молам, коленичам,

дајте ми ја земјата најтрула

под небото на Македонија.

*овде не важи правилото “ после мене-потоп”, но станува збор за образованието на младината во Македонија. Доколку децата (соколите) се образоваат квалитетно и ја согледаат вредноста на нашата татковина, ќе бидат способни да се изборат со своевременската криза (карпите грамадни) од каков и да е вид која (ќе) владее во нашата земја.